Влаховиќ: Сите знаеме зошто седев на клупа на Јувентус

Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ, во летниот преоден рок потпиша за Бешикташ по четири години поминати во Јувентус.

Влаховиќ во 2022 година од Фиорентина за сума од 70 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, се пресели во Јувентус, но според фановите на Старата дама не ги оправда очекувањата. Тој одигра 123 натпревари за Јувентус и постигна 50, а откако не успеа да најде заеднички јазик со управата на Старата дама за нов договор, тој летово потпиша за црно-белите од Истанбул.

Токму поради неизвесноста околу иднината во Јувентус, Влаховиќ минатата сезона ја започна ја помина како резервист.

„Последната година беше тешка, сезоната ја започнав од клупата и би рекол од причина која што ја знаеја сите – таа е дека влегов во последната година од договорот. Според мене, тоа беше единствена причина поради која ме седнаа на клупата. Притоа, пристигнаа двајца напаѓачи, но ја прифатив и таа улога бидејќи бев решен да си одам на крајот од сезоната“ вели Влаховиќ.

Тој исто така изјави дека преговорите за нов договор завршија неуспешно, по што одлучи да потпише за Бешикташ.

„Не успеавме да постигнеме договор кога разговаравме последниот пат. Многу се зборуваше за тоа дека сум барал голема плата, но постоеше притисок кој ми пречеше бидејќи јас ја знам вистината и што точно се случуваше. На крај, многу сум му благодарен на Јувентус бидејќи тоа е голем клуб, еден од најголемите на светот и сигурно најголем во Италија. Ми беше чест што имав можност да бидам дел од тим како Јувентус“, додава Влаховиќ.

Се вчитува...