Поранешниот истакнат фудбалер на Вардар, како и тренер на Брегалница, Ренова, Осогово и саудискиот Ал Раед, преку социјалните мрежи ја истакна својата кандидатура за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Тој во своето обраќање посочува неговото име да не се користи и злоупотребува за некакви договори и „формирање коалиции“ за доаѓање на власт во фудбалот.
„Во оваа прилика сакам да кажам дека јас ќе ја истакнам мојата кандидатура за Претседател на ФФМ, но тоа ќе биде самостојно. Ги респектирам сите кандидати чии имиња деновиве кружат во фудбалските кулоари, бидејќи со многумина од нив имам изминатите години соработувано, но децидно, јас со никого немам правено никакви договори и сите оние што ќе пласираат таква вест во јавноста, нека се знае дека е обична манипулација. Деновиве, на многумина од нив во телефонски разговор им кажав дека истакнувам кандидатура, но со молба да не го користат моето име за некакви наводни претходни договарања. Подготвен сум да се соочам со одредени бариери на тој пат, од типот: тој и тој член од статутот. Не е важно колку ќе трае тоа, важно е вистината и одлучноста да победат за доброто на фудбалот. Верувам во демократскиот избор“, истакна Влатко Костов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА