Билетите за Португалија во продажба: На ракометарите им треба поддршка

Влезниците за претстојниот квалификациски меч меѓу Македонија и Португалија, што в четврток ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, од денеска и официјално се пуштени во продажба.

Ракометната Федерација на Македонија информираше дека продажбата на влезници за натпреварот започнува денес (06.03.2023) во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 и 200 денари.

Се вчитува...