Влезот на стадионот на Штурм ќе го носи името „Ивица Осим“

Фудбалскиот клуб Штурм од Грац соопшти дека влезот на стадионот ќе го носи името на легендарниот југословенски фудбалер и тренер, Ивица Осим. Осим почина на 1. мај во Грац на 81-годишна возраст, а со австрискиот клуб во периодот од 1994 до 2002 година освои две титули во домашното првенство, три национални купа и три суперкупа.

Претставници на градот Грац соопштија дека планираат и дел од јужниот дел на улицата „Конрад фон Хецендорф“ да го носи името на поранешниот фудбалер на Железничар.

Во играчката кариера Осим настапуваше за француските Стразбур, Седан и Валенсиен, додека како тренер ги водеше Железничар, Партизан, Панатинаикос и јапонскиот Џеф јунајтед.

Се вчитува...