Влошена состојба – Вујошевиќ итно примен во болница

Здравствената состојба на Душко Вујошевиќ дополнително се влошила во претходните 24 часа, поради што тој итно бил примен во болницата ВМА во Белград поради нагло влошување на состојбата на бубрезите. Појавата на гангрена на ногата и проблемите со бубрезите се последици на дијабетисот што 58-годишниот го има веќе подолго време.

Сепак, состојбата значително му се влоши во последните петнаесетина дена, поради што селекторот на БиХ воопшто не ја водеше оваа репрезентација на клучниот натпревар со Ерменија. Состојбата во меѓувреме му се стабилизираше, за рано утрово да дојде до ново влошување и негово примање во болницата во српскиот главен град.

Точно е, примен сум на дијализа и испитувања. Ми телефонираа моие поранешни играчи Владимир Лучиќ и Драган Милосављевиќ да праат како сум, тоа ми е многу драго“ – кратко истакна Вујошевиќ во изјава за српските медиуми.

 

Се вчитува...