Водечките четири екипи славеа во денешните натпревари од 25. коло во Втората фудбалска лига на Македонија и со тоа ја продолжија борбата за пласман во повисок ранг на мак-фудбалот следната сезона.
Брегалница имаше најтешка задача, но успеа да слави со минимални 0-1 на гостувањето кај Детони Плачковица. Скопје стигна до убедлива победа од 7-0 на домашен терен против Каменица Саса.
Шкендија Арачиново со 5-0 беше подобра од Победа, додека ГФК Охрид славеше со 6-1 над Преспа.
РЕЗУЛТАТИ ВМФЛ – 25. КОЛО
СКОПЈЕ – КАМЕНИЦА САСА 7-0
ШКЕНДИЈА А. – ПОБЕДА 5-0
ДЕТОНИТ П. – БРЕГАЛНИЦА 0-1
ГФК ОХРИД – ПРЕСПА 6-1
БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 0-0
ОСОГОВО – ТЕТЕКС 2-1
СЛОГА ВИНИЦА – ВАРДАР НЕГОТИНО 3-3
УТРЕ:
ГОЛЕМО КОЊАРИ – НОВАЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
