Фудбалерите на Пелистер и АП Брера одиграа без голови 0-0 во најинтересниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој повеќе се гледаше како да се остане непоразен, па на крајот мечот заслужено заврши со почетните 0-0.
Македонија Ѓорче Петров стигна до минимална победа на гостувањето кај Еуромилк во Горно Лисиче со 0-1. Кожув славеше над Шкупи со 2-0, додека Беласица го освои Новаци 0-1. Во последниот меч од денешната програма Камјани славеше над Осогово со 2-1.
РЕЗУЛТАТИ – 2.КОЛО
Пелистер – Брера 0-0
Еуромилк – Македонија ЃП 0-1
Камјани – Осогово 2-1
Новаци – Беласица 0-1
Кожув – Шкупи 2-0
24.09.2026
Тетекс – Работнички
Детонит – Охрид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
