Во Аеродром има причина за славје – „штркчињата“ го земаа скалпот на Кожув

Првиот тим на МЗТ Скопје мака мачи оваа сезона, но во Аеродром има причина за славје бидејќи младинскиот состав на „сино-белите“ во последниот натпревар од 17. коло стигна до триумф над Кожув со 81-74 во СЦ „Јане Сандански“. Избраниците на Даскаловски повторно одиграа на врвно ниво, му парираа на искусниот протиник во текот на целиот натпревар, а ги искористија и сите грешки на „црвено-белите“, и сосема заслужно стигнаа до четвртата победа во сезоната.

Неизвесниот натпревар двата тима го најавија уште од самиот почеток. „Сино-белите“ и „црвено-белите“ играа во серии, а по 10. минути игра на семафорот стоеше преднсот од 21-19 за домашниот состав. Добриот моментум на избраниците на Даскаловски продолжи и до полувремето, а младите „штркчиња“ ја зацврстија и одбраната па поведоа со 43-35 на полувремето.

Кожув го пронајде патот до обрачот на домашниот тим на отварањето на второто полувреме во кое преку добриот проток на топката, гевеличани нанижаа 27 поени во третиот дел, наспроти 16 на МЗТ Скопје 2, па го превземаа водството по 30. минути игра (59-62). Составот од Аеродром не се предаде, наспроти, одолеа на налетот на домаќинот па преку добрата игра на двете страни од паркетот и најави нов неизвесен меч. Играта „кош за кош“ траеше се 36. минута од средбата кога преку добрата одбрана и контролата на скокот, младиот состав направи серија од 8-0 со што стигна до недостижна предност.

Пет играчи во „сино-бело“ забележаа двоцифрен број на поени од кои најрасположен со 18 поени и 5 скока беше Максим Митревски. 15 поени додаде Леонид Тодоровски, додека со 13 поени и 5 скока натпреварот го заврши Андреј Андоновски. Дабл-дабл од 12 поени и 11 скока забележа Роб Монтгомери, додека ист број на поени, но и шест скока додаде Лејсон Зекири.

Кај гостите 19 поени забележа Димитар Караџовски, еден помалку додаде Никола Силаџи, додека дабл-дабл од 14 поени и 10 скока оствари Никола Станојевиќ. Марко Симоновски натпреварот го заврши со 11 поени.

Се вчитува...