Во Барселона едвај чекаат Нејмар да си замине: Доста ни е веќе од твојот циркус

Заминувањето на Нејмар од Барселона во ПСЖ се претвори во вистинска сапуница, а тоа делува и на соблекувалната на тимот. Каталонските медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ информираат дека состојбата во тимот е хаотична, иако Барса остварува позитивни резултати на подготовките. Сепак, сите останати фудбалери се чувствуваат како во втор план, поради случувањата со Нејмар.

„Веќе се чувствуваме болни од сите тие приказни. Доста ни е од неговиот циркус. Се надеваме дека оваа ситуација ќе се разреши што е можно побрзо, затоа што може да ни се случи и непосакувана играчка криза“, открива избор од соблекувалната на Барселона за каталонскиот „Спорт“.

Алармантна ситуација е и во раководството на клубот. Веќе се разгледуваат најдобрите опции за да биде доведена адекватна замена за Нејмар во навалната линија на тимот.

Се вчитува...