Во Барселона започнаа изборите за нов претседател, фановите едвај чекаат да видат кој ќе го задржи Меси?

Фудбалскиот клуб на Барселона денес ќе го дознае името на новиот претседател, кој ќе биде избран на претседателските избори. Главни кандидати се Алеш Фонт, поранешниот претседател Жоан Лапорта и Тони Фреиша. Гласачките места се отворени од рано утрово.

Дури и пред отворањето на избирачките места гласаа над 20 000 луѓе кои својот глас го дадоа преку пошта. Речиси 80 ​​000 гласачи ќе гласаат во текот на овој ден на Камп Ноу и салата Блауграна, додека гласањето се одржува и во Џирона, Леида, Тарагона, Тортоса и Андора. Вкупно над 110.000 членови ќе може да гласаат.

Претседателот кој ќе го води клубот до 2026 година ќе биде познат вечерва, а најголеми шанси имаат Лапорта, Фреиша и Фонт, а сите тие имаат различна идеја за тоа како клубот треба да се развива во иднина. Главното прашање е дали Лионел Меси ќе остане во клубот, а поранешниот претседател, Лапорта, тврди дека тој е кандидатот што ќе го задржи Аргентинецот на „Камп Ноу“. Договорот на Меси со клубот истекува на крајот на јуни, а има и некои најави дека ќе одлучи за својата иднина следната недела.

Се вчитува...