„Во Бугарија никогаш нема да играат луѓе кои немаат бела кожа… Ние сакаме само Бугари“

Директорот на Фудбалската федерација на Бугарија (БФС) и легенда на Левски Софија, Георги Иванов е на удар на светската јавност поради расистичкиот став околу националниот тим на источниот сосед. Тој вели дека за Бугарија никога нема да заиграат фудбалери кои не се бели или се странци.

Иако глобализацијата на фудбалот  донесе земји кои имале тмурно минато поврзано со расизмот и фашизмот, како Италија, Шпанија или Германија, да натурализираат фудбалери и да играат играчи со поинаква боја на кожата, Бугарите се решени да не го следат тој тренд.

„Тој што нема бела кожа нема да игра за бугарската репрезентација. А, нема да играат ни странци, ни тие што трчаат по странски пасоши. Во Бугарија треба и ќе играат само Бугари. Додека сум јас директор, ниту ќе играат тие што не се белци, ниту странци. Тоа ќе го повторам уште еднаш“, рече Иванов.

Се вчитува...