Во Бугарија ниту ВАР не помага: Судијата му „украде“ гол на Ботев против Лудогорец (ВИДЕО)

Во 15. коло во најдобрата бугарска лига, Лудогорец славеше над Ботев минимално со 1-0 со гол во 65. минута. Меѓутоа можеби ќе беше поинаку, доколку не беше судијата Иво Андреев кој во 11. секунда поништи чист гол за гостите. И тоа ја гледаше и ВАР снимката, и само тој можеше да види прекршок од гостинскиот играч.

А, снимката покажува дека Ману чисто му ја избива топката на противникот, а потоа го проигрува својот соиграч. Дури и „фаулираниот“ играч на Лудогорец трча назад да спречи акција, а по примениот гол се гледа како се нервира поради оваа негова грешка, но според судијата имало прекршок.

Со тоа Андреев му овозможи на Лудогорец, сепак, да тргне повторно од „нула“ и да ги зголеми шансите за победа, што на крајот се случи.

Се вчитува...