Во Челси се се „распаѓа“ и покрај најавите за нов газда: Тројца фудбалери се селат во Барселона!?

Тешко денови минува Челси кои се очекува конечно да завршат откако конечно ќе се добие новиот сопственик пред почетокот на летниот преоден рок.

Но, уште сега е јасно дека „сините“ ги очекуваат големи промени. Во Челси се изненадени што поголемиот дел од првотимците размислуваат за заминување од клубот, и покрај тоа што веќе има првичен договор со моќен американски милијардер кој ќе го преземе клубот.

Прв кој го најави своето заминување е Антонио Рудигер, кој сосема сигурно потпишува за Реал Мадрид. Но, јасно е дека Рудигер нема да биде единствениот кој заминува.

Ситуацијата во Челси будно ја следи Барселона која веќе е во разговори за доведување тројца фудбалери. Веќе е познато дека Барселона се се договори со Андреас Кристенсен кој доаѓа како слободен игра, а по него доаѓаат и Цезар Аспиликуета на кого исто така му завршува договорот, а желбата на Барса е и Маркос Алонсо кој би бил одлично решение на левата бековска позиција.

Во секој случај, главниот фокус на Челси во моментов е да се заокружи процесот на купување на клубот, по што ќе следи акцијата за задржување на поголемиот дел од првотимците.

Се вчитува...