Во Џенова исто и со Прандели: Пандев на клупа, а не може да се победи ниту СПАЛ… (ВИДЕО)

Нема промени во Џенова и со назначувањето на Чезаре Прандели на клупата. Во 15. коло од Серија А, Џенова под водство на новиот стратег не успеа да стигне до победа пред своите навивачи ниту против СПАЛ, ремизирајќи 1-1.

Гостите дојдоа до предност уште во 15. минута со голот на Петања, откако претходно Кришито во 11. минута кај Џенова доби директен црвен картон.

Но, домашните успеаја да извлечат барем реми со голот од пенал на Пјатек во 38. минута…

Горан Пандев повторно остана само на клупата за резервни фудбалери не добивајќи шанса за настап ниту под палката на Прандели, кај кого имаше мала минутажа и додека беше во турски Галатасарај.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...