Во ФФМ состанок со комесарите за безбедност од клубовите од ПМФЛ

Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ.

На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и недостојно однесување на спортските натпревари како и Законот за спорт.

На клупските комесари за безбедност им се презентираа активностите за заштита на интегритет и борба против лажирање на натпревари.

Се вчитува...