Екипата на Баерн Минхен стигна до нова титула во Бундеслигата, откако денеска го совлада тимот на Штутгарт со 4-2, и така го обезбеди првото место на четири кола до крајот. Предноста на Баерн изнесува 15 бодови со вчерашниот „кикс“ пораз на Борусија Дортмунд, и познато е дека „Баварците“ ја освоија 34-тата титула во историјата, и сега дополнително се оддалечија од Борусија Дортмунд која остана на пет трофеи.
„Баварската машина“ продолжи да гази во Германија, го совлада убедливо и тимот на Штутгарт, со што Баерн постигна неверојатни 109 голови во Германија во досегашните 30 кола.
Денеска за Баерн погодија Гереро, Џексон, Дејвис и Кејн за убедлив триумф и „печат“ на новата титула. Штутгарт успеа прв да поведе во Минхен со голот на Фирих во 21. минута, а потоа и да намали во 89. минута преку Андрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
