Во хаосот во Софија повредени 12 лица, запалени автомобили, демолирани објекти

Неколку илјади навивачи на улиците низ Софија протестираа поради начинот на кој се управува со Фудбалскиот сојуз на Бугарија. Во протестите учествуваа голем број навивачи на фудбалските клубови, а протестот во еден миг се претвори во насилство. Протестот се случуваше за време на натпреварот Бугарија – Унгарија кој се одигра на стадионот „Васил Левски“ во Софија, без присуство на анвивачи.

Министерството за внатрешни работи јави дека има повредени и навивачи и полицајци. Во центарот за итна помош биле примени 12 лица, од кои тројца потешко, но сите се надвор од животна опасност.

Локалните медиуми јавуваат дека половина час пред натпреварот, и почнаа да фрлаат пиротехнички средства, камења и пластични шишиња на полицијата. Имаше неколку запалени канти за отпадоци, а полицијата врати со водени топови. Имало и запалени неколку автомобили, а искршени и неколку продавници.

На улицата биле распоредени 1600 полицајци, со опрема за разбивање на учесниците на протестот.

Натпреварот помеѓу Бугарија и Унгарија заврши 2-2, иако Бугарите водеа до 97 минута од средбата. Со овој бод Унгарија обезбеди учество на ЕП 2024.

Се вчитува...