Во Италија сите се уплашени од нов “ковид-бран“ на Сицилија по мечот на „Ренцо Барбера“

Од Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Во Италија, па секако и на Сицилија, се уште не можете ‘нормално’ да функционирате беа почитување на соодветните ковид-протоколи важечки до 31. март. Без „супер грин пас“ или во најмала рака две дози вакцини признаени од Европската агенција на лекови, а дополнети и со ПЦР-тест, не можете се уште да посетувате ресторани, трговски центри или останати јавни објекти од затворен тип, а уште помалку и манифестации од спортски и културно-забавен карактер.

Италијанците, ако се суди според реакциите во медиумите на официјалните здравствени работници, стравуваат од евентуална „ковид-бомба“ по мечот меѓу Италија и Македонија на стадионот „Ренцо Барбера“ утре од 20:45 часот во баражот за пласман на СП 2022.

По цели две години, италијанската влада токму за овој натпревар даде дозвола за враќање на 100% исполнетост на трибините, па на „Ренцо Барбера“ утре се очекуваат околу 36.000 навивачи заедно и со околу 1.200 македонски навивачи колку што се очекува да го бодрат националниот тим.

Главен епидемиолог и раководител на секторот за јавно здравје на Сицилија, Ренато Коста секојдневно јавно истакнува незадоволство што се дозволи такво олабавување на мерките против ковид и дозвола за 100% исполнетост на стадионот во Палермо. Според Коста битката со коронавирусот не е завршена а натпреварот меѓу Италија и Македонија носи огромен ризик за избувнување нов бран.

„Знам дека сите сакаат да се вратиме во нормала, но мислам дека не смеевме ова да си го дозволиме. Пандемијата не е завршена, ниту вирусот е победен. Ковид-19 се уште е меѓу нас иако со вакцините спречивме илјадници смртни случаи. Но, вакво брзо опуштањето може повторно да не врати наназад. Многу ризикуваме. Се плашам да не се случи нова ковид-бомба“ – вели Коста.

Македонските навивачи ќе бидат сместени на посебен сектор на стадионот во Палермо, а ниту еден од нив нема да може да влезе без „супер грин бас“, што значи три вакцини признаени од Европската комисија на лекови, или пак со две вакцини дополнети и со ПЦР или брз антиген тест.

Се вчитува...