Во Македонија со забрана за натпревари, но кикбокс селекцијата на силен меѓународен турнир во Белград

Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија во полн состав, со вкупно 14 клубови, викендов учествува на меѓународниот кикбокс натпревар „Трофеј на Белград“ во Србија.

И покрај корона-пандемијата која го тресе светот, и покрај тоа што кикбоксот како индивидуален спорт заедно со останатите слични спортови селективно е обесправен и има забрана за тренинг и натпревари во нашата земја, КМФМ со тим од вкупно 90 натпреварувачи и тренери од сите клубови ќе учествува на првенството во Белград.

„Со ова селективно затворање на нашите сали и забрана за тренинг и организација на натпревари, покрај тоа што сме дискриминирани, истовремено се оштетени кикбокс натпреварувачите, тренерите, клубовите, федерацијата и секако нашата држава. Се соочуваме со ризик од повреди и лош пласман на престојните меѓународни, европски и светски првенства кои се од голема важност и за кикбоксот и за македонскиот спорт во целина. Сепак веруваме во добри борби во Белград, и најважно од се да немаме повреди кај натпреварувачите“ – вели претседателот и селектор на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

Се вчитува...