Во Милан веќе знаат кој ќе биде новата „деветка“

Раководството на Милан во текот на следните денови ќе почне преговори за ангажман на напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, кој блесна оваа сезона во „сино-црвените“ и го однесе својот тим во Лигата на шампионите.

Зиркзе е таргет на Милан, и „росонерите“ ќе се обидат што побрзо да го договорат, затоа што може да се случи тренерот Тиаго Мота да го поведе со себе во Јувентус.

Милан е во потрага по напаѓач, ако се знае дека Оливие Жиру заминува во Лос Анџелес. Конкуренцијата е голема за неговиот потпис, може да се пресели и во ривалот на Милан, Јувентус, но само под услов да замине Влаховиќ, што во моментов не е реална опција.

Се вчитува...