Младиот шпански фудбалер Саму Омородион кој ова лето беше блиску до трансфер во Челси, но истиот пропадна во последен час, реализираше трансфер во Порто за кој потпиша договор до 2029 година и доби откупна клаузула од 100 милиони евра.
Деталите од овој трансфер се навистина интересни и не вообучаени. Порто плати 15 милиони евра за 50 отсто од договорот, додека другата половина останува на Атлетико. Притоа португалскиот клуб може да купи дополнителни 15 отсто за 5 милиони евра во 2025 година, како и уште 15 отсто за нови 5 милиони евра во 2026 година.
“É um orgulho fazer parte de um clube com a enorme história do FC Porto. Sei da responsabilidade que é jogar aqui, onde passaram avançados como Gomes, Jardel, Falcao ou Jackson Martinez, mas sei que estou preparado”
O nosso #⃣9⃣ Samu Omorodion#InvictosDeCoração pic.twitter.com/b1Pp0Rr2Z3
— FC Porto (@FCPorto) August 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА