Во продажба билетите за европската премиера на РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид ги пушти во продажба билетите за својата европска премиера, домашниот натпревар од првото коло од европската лига на ЕХФ во кој македноскито вицешампион за ривал ќе го има тимот на Војводина.

Натпреварот е закажан за 17 октомври во 20.34 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а продажбата на билети ќе се одвива преку продажната мрежа на MKTickets https://mktickets.mk/event/alkaloid-vojvodina/ .

Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари. Блоковите 1, 2, 9 и 10 се по цена од 100 денари, додека, пак, билетите за блоковите 3, 4, 7, 8, 11, 12, 15 и 16 чинат 150 денари.

Се вчитува...