Во Романија, и по Хаџи – Хаџи

Во фудбалска Романија, продолжува ерата Хаџи. Поточно, почнува нова, која од вчера ја означи Јанис Хаџи, синот на легендарниот романски репрезентативец Георге Хаџи.

На вчерашниот натпревар од Лигата на нации меѓу Романија и Литванија, младиот Јанис Хаџи го имаше дебитантскиот настап во националниот тим, 35 години откако тоа го стори и неговиот татко. Тој влезе во 67.минута на местото на Кешеру, игра речиси на истата позиција, иако е многу поофанзивен играч за врска од Георге Хаџи.

Јанис Хаџи ја почна кариерата во Виторул, во 2016 година направи трансфер во италијанскиот калчолигаш Фиорентина, но како 18-годишно момче не се наметна, одигра само два натпревари и повторно се врати во матичниот клуб. Оваа сезона тој има одиграно 13 натпревари за романскиот прволигаш и постигнато пет гола.

Се вчитува...