Во Шкупи силна е вербата дека може да се изненади на „Иброкс“ во Глазгов

Во таборот на Шкупи низ максимално позитивно расположение го очекуваат првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа вечерва од 20:45 часот на „Иброкс стадионот“ во Глазгов.

Чаирчани синоќа го одработија официјалниот тренинг во Глазгов пред денешниот дуел со славните „ренџерси“, а претходно јасно потенцираа дека не се во Шкотска за предвреме да се предадат пред големиот фаворит.

„Јасно е дека Глазгов Ренџерс е фаворит пред овој двомеч. Но, во фудбалот не секогаш фаворитите се тие кои слават на крајот. Ние, секако, не планираме предвреме да се предадеме. Напротив, силно се мотивирани да ги демонстрираме нашите квалитети, да одиграме максимално посветено на теренот па ако може и да изненадиме на ‘Иброкс’. Посакуваме резултат кој ќе не остави во игра, па потоа во Скопје пред нашите навивачи да се обидеме да дојдеме до пласман во следната рунда“ – вели тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадан.

Се вчитува...