Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, откри дека следната сезона работата на судиите во двете најсилмни лиги во Шпанија ќе биде оценувана со помош на вештачка интелигенција.
Судењето, заедно со пиратеријата, е најголемиот предизвик со кој се соочува Ла Лига, која веќе многу години ја управува Тебас.
Денеска тој објави дека со употреба на вештачка интелигенција и алгоритми, секој судија ќе биде оценуван, но и дека вештачката интелигенција ќе се користи за делегирање на судии за натпреварите.
„Следната сезона се подготвуваме да имплементираме две клучни работи. Едната е бодувањето на судиите. Техничкиот комитет на судиите има евалуатори кои оценуваат одредени работи користејќи природна интелигенција. Има 30 евалуатори за 20 судии… Но, тоа не е конзистентно и точно до крај. Затоа правиме алатка каде што 40% од резултатите ќе бидат одредени од вештачка интелигенција. Со 11.000 натпревари што ги имаме, правиме алатка што одредува што е офсајд, пенал и голем број други алгоритми… Така ќе можеме да имаме подобар увид во тоа дали судијата грешел или бил во право во три клучни ситуации. Исто така, ќе ја користиме за делегирање на судии. Ќе ни ги обезбеди најдобрите три судии во тој момент за секој натпревар“, објави Тебас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
