На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот по ред состанок посветен на формирањето на Регионалната лига во машка и во женска конкуренција.
На состанокот ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а свое присуство ќе има и Предраг Бошковиќ, потпретседател на ЕХФ, што дополнително ја нагласува важноста на овој процес.
Во фокусот на состанокот ќе бидат:
– дефинирање на форматот и календарот на натпреварување
– финансиски и организациски модел на лигата
– улогите на федерациите и клубовите
– координација и заеднички развој на ракометот во регионот
Планирано е во првата сезона да учествуваат:
– машка лига со 11 клуба
– женска лига со 8 клуба
Овој состанок претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот, конкурентноста и видливоста на ракометот во регионот.
Ракометната федерација на Македонија станува центар на регионалната ракометна соработка и иницијатор на ново поглавје во развојот на ракометот во регионот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
