Во Скопје се селектираше „иднината на женскиот ракомет“ (Фотогалерија)

Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше местото на кое вечерва беше одржана селекција на талентирани ракометарки од генерациите 2004/2005.

Младите ркаометарки имаа можност да се докажат пред неколку тренери кои беа дел од овој селективен тренинг, на кој присутни беа челниците на РФМ, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски.

Мукаетов и Милошевски пред тренингот им посакаа многу среќа на сите девојки, со надеж дека дел од нив во иднина ќе го облечат и дресот на македонската репрезентација.

Се вчитува...