Во Скопје стартуваше снимањето на документарецот „Шампион“ за животот и делото на Шабан Трстена (ФОТО/ ВИДЕО)

Во Скопје денеска стартуваше снимањето на документарниот филм „Шампион“ кој го следи животниот пат и спортските успеси на едно од најславните имиња во македонската спортска историја, златниот олимписки шампион од ЛОИ 1984, Шабан Трстена.

Документарецот ќе биде работен во продукција на регионалната телевизија „Спортклуб“ која претходно го снимаше и документарниот филм за Дарко Панчев.

Филмот за Шабан Трстена е со поддршка од општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски, општината во која денеска живее олимпискиот шампион од Лос Анѓелес, но и со поддршка од Општина Чаир и градоначалникот Висар Ганиу.

„Денес на мое големо задоволство бев домаќин на балкански познатата спортска телевизија ТВ Спорт Клуб, продукција која го работи историскиот документарен филм за големиот Шабан Трстена. Навистина ми е чест што ќе бидам дел од овој голем проект, како покровител но и како говорник во истиот“ – истакна градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски по првите снимени кадри за документарниот филм.

Документарецот ќе се снима на локации во Скопје, на местата на кои Трстена ја стартуваше својата спортска одисеја.

 

Се вчитува...