Во Токио мерките ќе траат се до почетокот на игрите

До почетокот на најголемата спортска смотра на светот остана уште месец и половина, а главниот град на Јапонија и понатаму е потполно блокиран. Вонредната состојба би требало да се укине на 20. јуни, но некои од мерките ќе останат на сила.

Јапонската влада размислува на укинување на вонредната состојба во Токио и неколку други префектури на 20. јуни, но со задржување на доста од мерките се до почетокот на ЛОИ во јули месец.

Рестораните и баровите ќе работат само до 20 часот и ќе има забрана за послужување на алкохол. Конечната одлука се очекува да биде донесена следната недела.

Се вчитува...