Во тотална офанзива против Холанѓаните: Со Пандев, Алекс, Тричко и Елмас во нападот!

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонскиот селектор Игор Ангеловски се одлучи, како и што се очекуваше, со формација 4-3-3 да се спротистави на Холандија во последното коло од Групата Ц на Европското првенство 2020.

 

За разлика од дуелите против Австрија и Украина, сега Македонија ќе биде со тројката Пандев, Трајковски и Тричковски во нападот, а во средниот ред Адеми, Барди и Елиф Елмас.

Во одбраната, Стефан Ристовски се враќа на десната бековска позиција, заедно со Велковски и Муслиу како централни дефанзивци и Алиоски на левата страна, пред голот на Столе Димитриевски.

Се вчитува...