Во Вардар сите се негативни на Ковид-19

По вчерашните тестови реализирани со помош на Синдикатот на фудбалери на Македонија, од ФК Вардар денеска и информацијата дека сите тестирани фудбалери и членови на стручниот штаб и раководството се негативни на Ковид-19.

„ФК Вардар ја информира јавноста дека добиените резултати од вчерашното тестирање за Ковид-19 на фудбалерите и вработените се НЕГАТИВНИ! Благодарност до синдикатот на фудбалери на Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина за извршеното тестирање“ – соопштија од ФК Вардар.

Се вчитува...