ВО ЖИВО ОД „ДРАГАО“: Македонија не успеа да обезбеди Мундијал во Катар (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на „Драгао“ во Порто го игра најважниот спортски натпревар во историјата на Македонија. Битка со гигантот Португалија во желбата да се дојде до Мундијалот во Катар. Сите случувања од „Драгао“ следете ги во живо на ЕКИПА.МК

=================================================================

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ НА „ДРАГАО“. Македонија загуби со 2-0 од Португалија не успевајќи да обезбеди Мундијал во Катар! Сонот продолжува да живее….!

87′ – На местото на Елиф Елмас во игра е Бобан Николов

78′ – Во два наврати во шеснасетникот на Португалците, физички контакт врз Елмас а веднаш потоа и врз Миовски, но нема пенал! По ВАР-консултација, потврдена одлуката на судијата Тејлор од Англија

75′ – На местото на Тихомир Костадинов во игра Стефан Ашковски

72′ – Обид на Барди од 20 метри, но млако покрај голот на домашните

68′ – Жолти картони за Муслиу и Консело поради меѓусебна пресметка

2-0 – 65′ – Повторно во период на игра во кој Португалците не доминираа, одличен контранапад на домашните, Диого Жота одлично нафрли од левата страна а Бруно Фернандеш втрчува пред Димитриевски и стрела за 2-0

59′ – И втора замена во македонската селекција. На местото на Александар Трајковски во игра Дарко Чурлинов

46′ – Прва измена во македонската репрезентација. На местото на Милан Ристовски, во игра Бојан Миовски

  • Почеток на второто полувреме на натпреварот на „Драгао“ во Порто
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

1-0 – 32′ – Катастрофална грешка на капитенот Стефан Ристовски кој подарува топка на 30 метри пред македонскиот гол, Роналдо го проигрува Бруно Фернандеш кој стрела за 1-0!

20′ – Одлична акција на македонските репрезентативци. Трајковски поведе, Ристовски од десно извонредно на вториот дирек го пронајде Алиоски кој од прва шутира со волеј, но покрај голот на домашниот голман

 

16′ – Прва можност и за Македонија. Елмас го проигра Алиоски по левата страна, но неговиот шут блокиран во корнер. Два корнери по ред за Македонија, но без реализација

14′ – Прва шанса за Португалија. Роналдоо сам по левата страна, но шутира за малку покрај голот на Димитриевски

10′ – Добар почеток на македонската селекција. Без ниту една шанса на домашните, а активна игра на половината на Португалците

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ НА „ДРАГАО“

* Двете репрезентации на терен. Интонирани химните на Македонија и на Португалија

* Португалците со финална забава на преполниот „Драгао“ пред почетокот на натпреварот…

* Полн македонскиот дел од „Драгао“. Македонската „Фаланга“ во полн ритам со поддршка за репрезентативците кои ќе имаат поддршка од околу 1.500 македонски навивачи.

* Финално загревање за македонските репрезентативци пред стартот на натпреварот закажан од 20:45 часот…

* „Драгао“ во еуфорија откако Кристијано Роналдо се појави на теренот на загревање… Еуфорични поздрави за еден од најдобрите светски фудбалери.

* Македонија и Португалија ќе се соочат по третпат меѓусебно во историјата, по претходните два пријателски натпревари. Португалците имаат една победа (1-0) со гол на Луис Фиго, а вториот тест-дуел во Леирија во 2012 година заврши без голови.

* Македонските репрезентативци истрчаа на стадионот во Порто во очекување на стартот на историскиот натпревар. Со жестоки свирежи пречекани од Португалците во моментов присутни на „Драгао“, кој се уште се полни, но со песна од македонската „Фаланга“…

* Македонските навививачи веќе го зафаќаат својот простор на „Драгао“… Околу 1.500 македонски навивачи ќе бидат на стадионот во Порто со поддршка за македонската селекција.

* ПОЗНАТ СОСТАВОТ НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ СО КОЈ ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ПОРТУГАЛЦИТЕ. Во нападот со Елмас, Трајковски и М. Ристовски, а без Дарко Чурлинов. Во првиот тим во средниот ред се враќа и Тихомир Костадинов.

Се вчитува...