ВО ЖИВО ОД ПАЛЕРМО: ГООООООООООЛЛЛЛ НА ТРАЈКОВСКИ…. МАКЕДОНИЈА води во Палермо!

Македонската репрезентација за првпат во својата историја игра бараж дуел за пласман на Светско првенство. Историскиот натпревар со Италија од „Ренцо Барбера“ во Палермо, во живо, од минута во минута со сите случувања на ЕКИПА. МК…

Од Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

=====================================================================================================

  • КРАЈ ВО ПАЛЕРМО. ВИСТИНСКА СЕНЗАЦИЈА. Македонија го победи европскиот шампион за финале во баражот за пласман на СП 2020 против Португалија!

90′ +2 – ГООООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА. Александар Трајковски со шут од 20 метри носи предност за МАКЕДОНИАЈА!

85′ – Кире Ристевски влегува во игра на местото на Дарко Велковски

72′ – НОВА ИЗМЕНА КАЈ МАКЕДОНИЈА. На местото на Милан Ристовски, во игра влегува Бојан Миовски

63′ – Одлична позиција за Берарди во 100% шанса на неколку метри пред голот, но Алиоски блокира спречува водство на Италија

59′ – Две замени во македонската репрезентација. Аријан Адеми, кој настапи и повреден, не издржа до крај. На негово место Спировски, а во игра и Ашковски на местото на Николов!

58′ – Грешка на Муслиу во одбраната, Берарди сам пред голот на Димитриевски во одлична позиција но шутира над голот на Столе Димитриевски

53′ – Одличен обид и на Берарди, но Димитриевски сигурен

52′ – Трајковски со шут од 20 метри го почна и второто полувреме, но овој пат непрецизно!

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ПАЛЕРМО

* Целосна доминација на Италија во обидот да дојде до погодок, но без нагласена можност, со исклучок на шансата на Берарди создадена по грешката на Столе Димитриевски!

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ… МАКЕДОНИЈА ИМА 0-0 НА ПЕКОЛНИОТ „РЕНЦО БАРБЕРА“!

45′ – Убав шут на Александар Трајковски од 20 метри, но Донарума брани!

39′ – Извонреден брз контранапад на македонската репрезентација, Чурлинов истрча сам пред голот на домашните, но во последен момент запрен од Флоренци

30′ – Катастрофална грешка на голманот Димитриевски, кој во обид да исфрли му подарува топка на Берарди, но за среќа италијанскиот напаѓач не успева да погоди од 16 метри a Столе ја корегира својата грешка

25′ – Италија и покрај доминацијата на средината од теренот, сепак без поизразена шанса за загрозувањето на голот на Димитриевски. Обид на Верати од 25. метри, но непрецизно.

20′ – Неутрализирана играта на домашните. Македонските репрезентативци се повеќе со контрола на топката. Игра на средината од теренот.

10′ – Десет минути континуиран притисок на Италијанците. Само една брза транзиција на македонската репрезентација, но неуспешно проигрување меѓу Александар Трајковски и Милан Ристовски во 5. минута.

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ НА „РЕНЦО БАРБЕРА“

БАРАЖ ЗА СП 2022 – ПОЛУФИНАЛЕ
ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
Стадион „Ренцо Барбера“ во Палермо. Гледачи: 35.000. Главен судија: Турпин (Франција)

ИТАЛИЈА: Донарума, Флоренци, Мансини, Бастони, Емерсон, Верати, Жоржињо, Барела, Берарди, Имобиле, Инсиње

Селектор: Роберто Манчини

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Николов, Адеми, Барди, Чурлинов, Трајковски, М. Ристовски

Селектор: Благоја Милевски

* Македонските навивачи веќе распеани на „Ренцо Барбера“ пред историскиот натпревар со Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Околу 1.500 македонски фанови ќе го бодрат избраниците на Благоја Милевски во обидот да дојдат до посакувано изненадување против актуелниот европски шампион.

* Македонските репрезентативци бодрени од македонските фанови кои се присутни на најголемиот стадион на Сицилија, веќе се на теренот на „Ренцо Барбера“….

* Огромни контроли и за македонските фанови пред влезот на стадионот во Палермо…

* Очајна организација кога се во прашање условите за прием на навивачите, но и медиумите, на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Италијанските медиуми изминативе денови истакнуваа дека Палермо не е подготвен за натпревари од ваков ранг, согласно правилата, на УЕФА а сето тоа се потврдува овие денови на делот.

* Македонија од Палермо посакува историја… Познат е и стартниот состав со кој Благоја Милевски ќе се спротистави на Роберто Манчини во обидот да се дојде до посакувано изненадување против актуелниот европски шампион

Се вчитува...