Водечките германски екипи во трка за 19-годишниот репрезентативец

Трите во моментов најдобри екипи во Германија, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лајпциг се заинтересирани за услугите на 19-годишниот германски репрезентативец Карим Адејеми.

Во моментов Адејеми настапува во тимот на Салцбург и со своите добри игри го привлече вниманието кон себе.

Адејеми во минатото бил дел од младинските категории на Баерн Минхен. Блискоста со Салцбург би можела да биде предност за Лајпциг за негов ангажман, а според германските медиуми тој самиот имал желба да игра за Борусија Дортмунд.

Адејеми во септември доби повик од Ханс Флик да биде дел од германската селекција, и на своето деби со Ерменија веднаш постигна гол. Можеме да го видиме и во Скопје, со оглед дека се најде на списокот на Германија за мечевите со Романија и со нашата селекција.

Се вчитува...