„Вотката стана мојот најдобар пријател во Мадрид“

Поранешниот холандски интернационалец Весли Снајдер во својата автобиографија, која ќе биде објавена денеска во Холандија, призна дека не бил баш професионалец додека играл за Реал Мадрид. Снајдер е роден во Ајакс, но во 2007 година се пресели во Реал Мадрид. Таму не се прослави, па отиде во Интер со кого ја освои тројната круна.

Подоцна тој играше за Галатасарај, Ница и на крајот од кариерата за Ал-Гарафа во Катар.

„Бев млад и го сакав успехот, често сакав да бидам во центарот на вниманието. Но, работите тргнаа наопаку. Немаше дрога, туку алкохол … Живеев како ѕвезда. Фановите ме сакаа како играч на Реал Мадрид, одев низ улиците и им давав пари на луѓето. Останав сам по разводот со сопругата, тогаш се роди и мојата ќерка. Во тој период шишето вотка ми стана најдобар пријател. Се будев секое утро мислејќи дека се е во ред, дека никој нема да разбере што јас правам и дека тоа никој нема да го забележи, но очигледно ме чинеше да бидам подобар фудбалер“, рече Снајдер.

Весли потсети на денот кога штотуку потпиша за Реал Мадрид.

„Мијатовиќ, кој беше спортски директор, ме извести за трансферот. Тој беше со мојот агент, извади парче хартија од џебот. Пишуваше – три милиони по сезона. Договор за пет сезони. Заработував бруто милион во Ајакс. Земи или остави“, рече тој. Го потпишавме договорот без размислување, а трансферот беше затворен за 27 милиони евра“, рече Снајдер.

Се вчитува...