Водно од Скопје е шампион на Македонија во ендуро (ФОТО)

Мото клубот „Ендуро Тим Водно“ од Скопје е најдобриот клуб во Ендуро Шампионатот на Македонија за 2018 година.

По извозени четри ендуро трки, една во Берово, две во Скопје и една во Велес, клубот Ендуро Тим Водно во екипниот пласман успеа да го освои првото место во конкуренција на седум мото-клубови и се закити со титулата шампион за 2018 година.

Ендуро Тим Водно освен воендуро шампионатот ја освои и вицешампионската титула во мотокрос шампионатот. Поточно во конкуренција од осум мото-клубови „Ендуро Тим Водно“ екипно го освои второто место.

Клубот за оваа 2019 година го засили тимот со уште неколку возачи кој ќе настапат како за македонскиот така и за европскиот шампионат.

Се вчитува...