Водство против Исланд на полувремето во Рејкјавик (ВИДЕО)

Македонската репрезентација сосема заслужено води со 0-1 на гостувањето против Исланд по првото полувреме од 5. коло во Групата Ј од квалификациите за СП 2022.

Во далеку подобра игра од домашните Македонија до предноста дојде со голот на Дарко Велковски уште во 12. минута од средбата, кој одлично реагираше со глава по корнерот на Езгијан Алиоски.

 

Во продолжението дополнително засилена офанзивна игра на избраниците на Боби Милевски кои имаа можност и за зголемување на предност. Во 25. минута обид на Алиоски, но домашниот голман брани. Веќе во 27.минута и одличен шут на Костадинов од 20 метри, но повторно брани Рунарсон. Во 35.минута повторно убава можност за македонската селекција, Елмас во акција во позиција за шут од 15 метри, но расчистува домашната одбрана.

Во финишот на полувреме одлична шанса за Енис Барди кој имаше можност и за 0-2, но Бјарнасон го блокира неговиот шут од 12 метри.

Македонија со две промени во почетната постава го почна натпреварот на Исланд, во однос на оној со Ерменија во Скопје. Милан Ристовски е во игра на местото на Јаховиќ во нападот, и Стефан Спировски место Александар Трајковски.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 5. КОЛО
ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА (0-1)
Стадион „Лаугардасволур“ во Рејкјавик. Стрелци: Велковски 12′ (М).
ИСЛАНД: Рунарсон, Севарсон, Арнарсон, Бјарнасон, Торарисон, Балдусорн, Б. Бјарнасон, Јоханесон, Андерсон, Кјартансон, Гудмандсон
Селектор: Арнар Видарсон
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Спировски, Елмас, Костадинов, Чурлинов, М. Ристовски
Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...