Воена состојба во Париз: Навивачите на ПСЖ го демолираа градот на светлината (ВИДЕО)

Големиот триумф на Пари Сен Жермен уште еднаш донесе немири и тензична атмосфера на улиците на француската престолнина. Наместо спортско славење, еуфоријата на навивачите на ПСЖ вечерва повторно доби негативна конотација, претворајќи ги деловите од градот во воена зона.

Хаосот низ париските улици започна уште за време на одигрувањето на финалниот натпревар во Будимпешта. Според првичните информации, социјалните мрежи веќе се преплавени со видеа на кои се гледа запалени предмети, пиротехника и зголемено присуство на интервентната полиција.

„Журката“ на радикалните навивачки групи веќе е надвор од контрола, а безбедносните сили се обидуваат да ги локализираат немирите. Локалните власти стравуваат дека ноќта ќе биде исклучително „жешка“ и долга за париската полиција.

Се вчитува...