Вогел е изборот за нов тренер на ЛА Лејкерс

Френк Вогел е изборот на управата на ЛА Лејкерс за нов тренер на „езерџиите“, откако поранешниот стратег на Индијана ги договори условите за тригодишна соработка со трофејниот НБА-колектив. Лејкерси беа во потрага по тренер откако по катастрофалната сезона отказ заработи Лук Волтон, откако екипата предводена од Леброн Џејмс не успеа да обезбеди учество во плејофот.

Прва опција за тренер беше Тајрон Лу, но поранешниот тренер на Леброн од Кливленд не постигна договор со раководството на ЛА Лејкерс. Потоа „езерџиите“ се свртеа кон Монти Вилијамс, но беа одбиени и од овој стручњак, за на крајот да се договорат со Вогел.

Новит стратег за помошник ќе го има Џејсон Кид, кој беше споменуван како опција за прв тренер, но на крајот ја прифати и улогата на асистент во стручниот штаб на Вогел.

Се вчитува...