„Воинот од Македонија“ е ново засилување на индонезискиот ПСС Слеман

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ја продолжува својата интернационална кариера во Индонезија, потпишувајќи договор со тамошниот прволигаш ПСС Слеман. По разделбата со иранскиот клуб Мес Рафсанјан, 34-годишниот дефанзивец брзо пронајде нов предизвик во Азија.

Од неговиот нов клуб со големи почести го најавија доаѓањето на искусниот македонски фудбалер, претставувајќи го пред навивачите со моќниот епитет „Воинот од Македонија“. Од стручниот штаб на ПСС Слеман очекуваат неговото огромно меѓународно искуство и борбеност значително да ја засилат дефанзивната линија на тимот во новата сезона.

За Ашковски ова е уште една егзотична дестинација во богатата кариера. Тој претходно има настапувано за голем број екипи, меѓу кои Телеоптик, Партизан, Шкендија, Нови Пазар, Фортуна Ситард, Славија Софија, Ботошани, Алашкерт, Етникос Ахна и Раднички Ниш. Со овој трансфер, македонскиот фудбалер отвора ново, возбудливо поглавје на азискиот континент.

 

Се вчитува...