Војдан и Олденбург на делба на второто место во Бундес-лигата

Војдан Стојановски и Олденбург продолжуваат со одличните игри од стартот на сезонава во германскиот шампионат, во кој тимот на македонскиот капитен по 10 комплетирани кола се наоѓа на делба на втората позиција со Алба Берлин.

Олденбург денеска за противник го имаше Готинген, тим што во првото полувреме им создаде многу проблеми на Стојановски и соиграчите. Сепак, екипата на македонскиот репрезентативец во вториот дел заигра многу подобро, ги доби преостанатите 20 минути со убедливи 51-28 и на крајот заслужено триумфираше со конечни 86-70.

Војдан Стојановски за 16 минути игра реализираше осум поени, два скока и една украдена топка.

Се вчитува...