Војдан потпиша за Олденбург: Добиваме играч со огромна интелигенција

Војдан Стојановски ќе ја продолжи својата кариера во Германија, откако капитенот на македонската репрезентација денеска потпиша договор со екипата на Олденбург. Од неколкуте понуди што ги имаше на маса Војдан ја избра онаа на Олденбург, трансфер што за него ќе претставува враќање во германскиот шампионат, каде со голем успех го носеше дресот на Алба Берлин.

Не се сомневаме дека Војдан ќе биде големо засилување. Одлично е да се има кошаркар со неговите квалитети и искуство, тој е играч со огромна кошаркарска интелигенција кој секогаш е посветен на тимската работа. Може да игра на позициите „два“ и „три“, човечките квалитети исто така му се исклучителни како и играчките, па Војдан Стојановски неслучајно е и лидер на македонската репрезентација“ – изјави тренерот на Олденбург, Младен Дријенчиќ.

Македонскиот ас се сели во Германија по една година мината во Турција, каде настапуваше за екипата на Бујукчекмече. Претходно, тој играше и во Шпанија во дресот на Андора и на Бетис.

 

Се вчитува...