Војдан реди победи во Германија со Олденбург

Војдан Стојановски има одличен старт на сезоната во германскиот шампионат со Олденбург, откако оваа екипа во третиот натпревар ја забележа и својата трета победа, на гостински терен против Лудвигсбург со убедливи 67-85.

Лудвигсбург во првите три кола имаше скор од две победи и еден пораз (по продолжение на гостувањето против Брозе баскет), но тоа беше само мотив повеќе за Стојановски и неговите соиграчите да одиграат квалитетен натпревар и да се радуваат на победата. Клучна се покажа втората четвртина во која Олденбург славеше со 13-27, создавајќи си одлична предност што потоа гостинскиот тим знаеше како да ја заржи до самиот крај.

Војдан Стојановски мина на теренот 22 минути, период во кој реализираше 13 поени, седум скокови и две украдени топки.

Се вчитува...