Војдан Стојановски: Ќе треба добра мобилизација и максимална игра ако сакаме триумф против Швајцарија

Капитенот на македонската селекција, Војдан Стојановски верува дека може Македонија да дојде до триумф на гостувањето против Швајцарција во последниот меч од претквалификациите за ЕП 2021. Но, за сето тоа ќе треба добра мобилизација и максимална игра, затоа што Швајцарците воопшто не се наивен противник…

„Потребно е добро да се мобилизираме, да играме како што знаеме и да одиме на победа против Швајцарија за на најдобар можен начин да го затвориме овој прв циклус. Сега го немаме Хендрикс кој беше со нас на претходните дуели и сигурно ќе ни недостасува, но на тимот верувам ќе помогне и новиот Американец Витингтон. Не е ист играч како Хендрикс, но има настапи во силни лиги како Шпанија, Русија, па сигурно и тоа како може да ни помогне“ – вели Стојановски.

Што се однесува до мечот со Швајцарија…

„Швајцарците играа брза кошарка, без класичен центар, имаат италијански тренер и секогаш се обидуваат агресивно да парираат на противникот. Да не се лажеме, ќе биде тежок меч. Ќе треба добро да се потрудиме за да дојдеме до победата“ – вели Војдан Стојановски.

Се вчитува...