Војдан Стојановски остана без тренер, Табак доби отказ

Војдан Стојановски наскоро ќе добие нов тренер откако раководството на Бетис денеска му врачи отказ на досегашниот шеф на стручниот штаб, Жан Табак. Хрватскиот стратег беше посочен како главен виновник за огромната резултатска криза, откако Бетис победи на само еден натпревар во последните 11 кола, со што падна во зоната на табелата која значи и испаѓање од елитното шпанско кошаркарско друштво.

Шансите за прекин на „црната серија“ се минимални ако се знае дека Бетис во следното коло во Мадрид му гостува на Реал, па токму затоа челниците на клубот од Севилја нема да брзаат за да доведат нов стратег, од кого ќе се бара експресно да го извлече тимот од кризата и да се обиде да обебеди опстанок.

За Табак ова е уште една неуспешна авантура во неговата тренерска кариера, откако претходно се посрамоти на клупата на Макаби, а имаше и просечни резултати како предводник на Џирона, Басконија и Фуенлабрада.

Се вчитува...