Војдан за повредата: Се надевам дека не е ништо сериозно

Војдан Стојановски заработи повреда во третата четвртина, мораше да биде заменет и повеќе не се врати на теренот. МЗТ Скопје и без помошта на својот најдобар кошаркар успеа да стигне до куп-трофејот, но оваа повреда сега е огромен проблем за нашата репрезентација, која за помалку од една седмица ќе го почне настапот за квалификациите за Евробаскет 2025.

Премиерниот меч од овие квалификации го играме в петок на домашен терен против Естонија, а неизвесно е дали капитенот Војдан Стојановски ќе може да помогне на овој дуел.

„Станува збор за проблем со мускулот, почувствував болка во пределот на задната ложа. Вака во прв момент не ми се чини премногу сериозно, но лекарите се тие кои ќе кажат колку ќе изнесува паузата. За утре е закажан прегледот по кој многу работи ќе бидат појасни“, изјави Војдан Стојановски.

Се вчитува...