Војдиновски меѓу 20 кандидати за ЛОИ во Токио

На штотуку завршената Премиер лига во карате која се одржа од 12-14 март 2021 година во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца Боби Војдиновски е избран од страна на ВКФ во финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои 15 ќе судат на Олимписките игри во Токио.

Војдиновски е долгогодишен носител на ВКФ светската лиценца и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер-лиги. Евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.

Ова е уште едно големо признание на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер-лигата во Истанбул.

Се вчитува...