Војна крај аут-линијата: Конте против Мурињо (видео)

Никогаш не е здодевно крај аут линијата кога Жозе Мурињо е тренер на еден од тимовите, а ако на другата страна го има Антонио Конте, јасно е дека страстите ќе бидат на највисоко ниво.

Веќе во првото полувреме од четвртфиналето од ФА Купот меѓу Манчестер јунајтед и Челси страстите зовреа, Мурињо почна се почесто да се буни на судиските одлуки по црвениот картон на Андер Ерера (по два старта врз Азар), а темпераментниот Конте тргна директно во конфликт со „специјалниот“.

Најпрвин улогата на „медијатор“ ја имаше четвртиот судија, потоа со двајцата разговараше и главниот арбитар, по што страстите барем за момент се смирија.

Се вчитува...