Војна во Барса: Флик ја брка големата „ѕвезда“ од „Камп ноу“

Барселона стигна до титулата во Примера дивизион минатата сезона, но Ханси Флик останува да жали за елиминацијата од Лигата на Шампионите. Германскиот стратег има и виновник за тој неуспех  – холандскиот ас Френки де Јонг кого тренерот на Барселона веќе го има „прешкртано“ за наредната сезона.

До конфликт дојде пред почетокто на реваншот со Атлетико Мадрид, откако лекарскиот тим на Барса даде зелено светло Де Јонг да се врати во стартниот тим, Флик во разговор со Холанѓанецот најавил дека тој ќе игра 60 минути пред да биде заменет, но екс-фудбалерот на Ајакс одбил стравувајќи од нова повреда пред мундијалот.

Флик се почувствувал предадено, со оглед на поддршката што му ја дал на Де Јонг од првиот момент на своето доаѓање во Барселона, инсистирајќи на негово останување и кога Лапорта и Деко настојувале тој да биде продаден.

Сега тренерот на Барселона е тој што инсистира холандскиот репрезентативец да биде продаден, но постои сериозен проблем – Де Јонг во меѓувреме се повреди и првите најави велат дека проблемот воопшто не е наивен. Доколку се потврдат стравувањата дека станува збор за проблем со коленото и отсуство од четири месеци, тоа ќе значи и речиси сигурна блокада за евентуален трансфер и пропаѓање на планот на Флик – да го продаде Де Јонг и да доведе ново врвно засилување во средниот ред на Барса.

Се вчитува...