Војна во Партизан, Дуљај пак се пожали на управата: Преговараат со пет тренери, а мене ме лажат

Игор Дуљај е апсолутен миленик на навивачите на Партизан кога станува збор за фудбалскиот колектив на српскиот гигант, откако овој стратег и со значително послаб состав и со сериозни финансиски проблеми успеа да стигне до есенската титула.

Победата на последното вечно дерби против Црвена Звезда значеше и презимување со бодовна предност во однос на вечниот ривал, но Дуљај не крие дека не е во најдобри односи со управата. Војната почна уште пред неколку месеци, кога тренерот ги пофали своите фудбалери за победничката серија додека им се должат сериозни пари на сите во клубот, за што следеше „штур“ демант од клупските челниците.

Дуљај денеска повторно се појави во јавноста, обвинувајќи ги водечките луѓе на клубот дека планираат да го сменат.

„Говориме за засилувања, јас не мислам да се мешам во клупската политика, но мораме да знаеме дали ќе се засилиме и кои фудбалери ќе пристигнат во текот на зимата. Проблемите не се така едноставни, бидејќи во моментот управата има разговори со пет тренери кои се кандидати да дојдат на моето место. Тоа не е тајна, пет кандидати постоеја и кога јас дојдов на клупата, клубот сака да се заштити за да има решение ако дојде до слаби резултати. Сепак, она што ми пречи е што не се игра со отворени карти. Сакаат да ми ја навредуваат интелигенцијата, ќе седнат со мене и ми кажуват бајки како ми веруваат, два часа подоцна преговараат со други тренери. Јас не сум суетен човек, но не сакам таков вик на манипулација и неискреност. Партизан треба да биде над сите нас“, порача Игор Дуљај.

Се вчитува...